Sony Xperia M2 Aqua - Прво вклучување на уредот

background image

Прво вклучување на уредот

При првото стартување на уредот, се отвора водич за поставување за да ви помогне да ги
конфигурирате основните поставки, да се пријавите на електронските сметки и да го
персонализирате уредот. На пример, доколку имате сметка на Sony Entertainment Network, може
да се пријавите на нејзе тука и веднаш да добиете поставувања.

До водичот за поставување може да пристапите и подоцна од менито Поставки.

Вклучување на уредот

1

Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.

2

Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, а потоа допрете

.

3

Почекајте додека не се вклучи уредот.

Исклучување на уредот

1

Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.

2

Во менито со опции, допрете го Исклучување.

3

Допрете го OK.

Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.