Управување со датотеките со помош на компјутер
Поврзете го уредот со компјутер на Windows
®
со помош на USB-кабел за пренесување и
управување со своите датотеки. Откако ќе ги поврзете двата уреда, можете да влечете и спуштате
содржина меѓу уредот и компјутерот или меѓу внатрешната меморија на уредот и SD-картичката
користејќи го истражувачот на датотеки во компјутерот.
Ако имате персонален компјутер или Apple
®
Mac
®
компјутер, може да ја користите апликацијата
Xperia™ Companion за пристап до системот на датотеки на уредот.
Режими на USB-конекција
Достапни ви се два режима на USB-конекција:
Режим на префрлање
медиуми (MTP)
Користете го MTP за управување со датотеките, за ажурирање на софтверот од уредот
и за поврзување преку WLAN. Овој USB-режим се користи со компјутерите на Microsoft
®
Windows
®
. MTP е вклучен стандардно.
Режим на медиум со
голема меморија (MSC)
Користете го MSC за управување со датотеките користејќи компјутери на MAC OS
®
и
Linux што немаат поддршка за MTP.
130
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Менување на режимот за USB-конекција
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска > Режим на
конекција USB.
3
Допрете Режим на префрлање медиуми (MTP) или Режим на медиум со
голема меморија (MSC).
4
Допрете OK.
Безжично управување со датотеките со помош на компјутер
Може да пренесувате датотеки помеѓу уредот и други компатибилни уреди MTP, како на пример
компјутер, користејќи конекција Wi-Fi®. Пред поврзувањето, прво треба да ги поврзете двата
уреди.
Со цел да ја користите оваа функција, ви треба уред со вклучен Wi-Fi® што поддржува
префрлување медиуми, на пример, компјутер што користи Microsoft
®
Windows Vista
®
или
Windows
®
7.
Подготовка на уредот за безжично користење со компјутер
1
Проверете дали режимот на пренесување медиуми е вклучен во уредот. Обично е вклучен
стандардно.
2
Проверете дали е вклучена функцијата Wi-Fi
®
.
3
Од својот Почетен екран, допрете .
4
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
5
Допрете Поврзи со компјутер, потоа допрете Следно.
6
Следете ги инструкциите на екранот за да го завршите процесот на поставување.
Безжично поврзување со поврзан уред
1
Проверете дали режимот на пренесување медиуми е вклучен во уредот. Обично е вклучен
стандардно.
2
Проверете дали функцијата Wi-Fi
®
е вклучена.
3
Од својот Почетен екран, допрете .
4
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
5
Одберете го поврзаниот уред со којшто сакате да го поврзете, потоа допрете Поврзи.
Исклучување поврзан уред
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
3
Одберете го поврзаниот уред што сакате да го исклучите.
4
Допрете Дисконектирај.
Отстранување на спарениот уред
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
3
Одберете го спарениот уред што сакате да го отстраните.
4
Допрете Прекини врска.