Sony Xperia M2 Aqua - Елементи

background image

Елементи

Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.

Додавање елемент на почетниот екран

1

Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира, па потоа
допрете го Елементи и апликации.

2

Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.

19

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Менување големина на елемент

1

Држете го елементот допрен додека да стане одбран, па пуштете го. Ако на елементот
може да му се промени големината, на пример, елементот на Календар, се појавува
означена рамка и точки за менување големина.

2

Влечете ги точките навнатре или кон надвор за да го соберете или раширите елементот.

3

За да ја потврдите новата големина на елементот, допрете каде било на Почетен екран.

Преместување елемент

Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го до новата
локација.

Отстранување елемент

Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го кон .